Со СДСМ расте просечната плата, расте минималната плата, истакна генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски при денешната посета на Конче.

„Се покачуваат пензиите и социјалната помош. Градиме долгорочни и стабилни политики за искоренување на сиромаштијата. Имаме план и знаеме како да го реализираме.
Во секоја општина, во секое населено место докажуваме дека државата се грижи за своите граѓани. Го имаме Најдоброто и за Конче, Благој Илиев, кој со развојни проекти се грижи за реалните потреби на граѓаните:
-Изградба на индустриска зона со откупно дистрибутивен центар.
-Социјален центар и мобилна здравствена амбуланта.
-Нови детски градинки.
-Организиран јавен превоз, со што ќе се реши проблемот со нередовни линии низ општината.
На 17-ти октомври, победуваме со #Најдоброто за Конче, со Благој Илиев!“, посочи Николовски.