Македонските домаќинствата во 2021 година ги поддржуваме со 52.000.000 денари за поттикнување на енергетската ефикасност, информира на својот ФБ профил вицепремиерот Љупчо Николовски.
Државата покрива дел од трошоците за купување и вградување на:
✅ Сончеви колекторски системи во домаќинствата, за чиста енергија од нашето македонско сонце;
✅ ПВЦ или алумиумски прозорци;
✅ Печки на пелети;
✅ Фотонапонски панели за сопствено производство на електрична енергија до 4 kW;
Детални информации за Програмата и процентот на покривање на трошоците може да најдете на следниов ЛИНК.