-Инвестираме во патната инфаструктура во секој регион подеднакво, за безбеден сообраќај, за подобра поврзаност, за економски развој, порача вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски кој денеска присуствуваше во пробиштипско каде заврши реконструкцијата на патниот правец Крупиште – Пробиштип со должина од 18 км, вредна 3.46 милиони евра.

220792265_3047720215449497_800184399938929293_n
-Оваа делница значајно ќе го подобри и забрза патничкиот сообраќај, олеснувајќи го секојдневниот живот на локалното население и ќе го олесни поврзувањето на регионот. Работиме, реконструираме и инвестираме во патната инфраструктура низ целата земја. Градежната офанзива која ја доживуваат Истокот и Југоистокот е доказ за тоа!Рамномерниот регионален развој значи креирање на еднакви можности, за сите во секоја сфера. – порача Николовски.

3