Локалната самоуправа на општина Пробиштип денеска започна со реализација на уште еден клучен инфраструктурен проект – реконструкција на патниот правец Пробиштип – село Стрмош со должина од 2,5 километри.

5

Проектот е финансиран од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и дел од општина Пробиштип, во вкупна висина од 10.561.000,00 денари со ДДВ, информираше градоначалникот на Пробиштип Драган Атанасов.


Со реализација на овој проект се подобруваат условите и се решава проблемот на граѓаните од ова населено место, за кои е од суштинско значење овој патен правец поради секојдневната употреба, велат надлежните.

3