„Реално зголемување на платите, грижа за граѓаните и подобар стандард, тоа е нашата цел која успеавме успешно да ја реализираме во изминатите години“, рече потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски во Куманово.

„Се грижиме за секој граѓанин, сите сме едно семејство и секому му подаваме рака, работници, сиромашни, самохрани родители, лица со попреченост, сите сме еднакви и исти, едно општество за сите“, изјави Спасовски.

За четири години минималната плата ја покачивме од 9.000 на 15.000 денари, а од 1 јануари 2022 година ја покачуваме на 300 евра.
Спасовски вели дека просечна плата во државата сега изнесува 28.000 денари, за како што кажа плати се покачени повеќе од 100 евра.
„За нас и за граѓаните е важно платите реално да растат, а не виртуелно. Сите да добијат покачување и повеќе пари на своите сметки, а не покачувањата да бидат само на реклами“, вели Спасовски.

,,Со законот за минимална плата предизвикавме спирала на зголемувања на платите. Во 2017 година кога минималната плата беше 9.000 денари , денеска е 15.200 денари. Тоа се 6.000 денари повеќе пари месечно или 72.000 денари годишно за секој работник. Парите се на граѓаните, ги враќаме кај граѓаните”, изјави Спасовски во Куманово.