Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев преку одговорни и невремени економски политики се справува со последиците од коронавирусот и отвора можности за рестарт на македонската економија, изјави на денешната прес-конференција Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.

„Показател за тоа е и растот на просечната плата кој во ноември 2020 во услови на светска рецесија и пандемија е зголемена за 7 отсто во однос на ноември 2019 година.

И во услови на здравствена и економска криза, не запре покачувањето на пензиите. Пензиите не се намалени, ниту се замрзнати, туку тие со јануарското законско усогласување се зголемени за 1.2 отсто.

Паралелно, продолжува и помошта и поддршката за економијата и спас на работните места.

Преку кредитната линија, КОВИД 3 досега, одобрени се бескаматни кредити за 1.276 кредитни барања од компании кои вработуваат 9.450 лица, во вкупен износ од 14,7 милиони евра.

Станува збор за 715 мали компании 475 микро компании 67 трговци поединци и 19 занаетчии“, нагласи Георгиевска.

„Владата предводена од СДСМ преку четири пакети економски мерки вредни над една милијарда евра, спаси стотици илјадници работни места и помогна на десетици илјади компании. Во финална фаза е и петтиот пакет мерки наменет за поддршка на граѓаните, на компаниите.

Доказ за успешноста на оваа помош е и податокот што не само што нема намалување туку ппостои и благ раст на бројот на работни места во Технолошко-индустриските развојни зони.

СДСМ како одговорна, државотворна партија останува силно посветена на спас на секое работно места, на помош и поддршка на секој граѓанин, секое семејство

Со одговорни економски политики преземаме крупни чекори рестарт на македонската економија и враќање на претходните стапки на раст“, потенцираше Георгиевска.