Волонтерите на Црвен Крст – Штип го заокружуваат вториот UNICEF хуманитарен циклус за општините Штип и Карбинци, во чии рамки 170 пакети со хигиенски производи стигнуваа до домовите на социјално-ранливи семејства.
Секретарот на ОО Црвен Крст-Штип, Викторија Милановска вели дека првата фаза од дистрибуцијата во јуни броела 500 хигиенски пакети.
-Нашите волонтерски тимови деновиве ги посетија лакавичкиот, плачковичкиот и карбинскиот регион и стигнаа до многу планински села каде населението има огромна потреба од помош, вели Ампева.
Таа истакна дека во базата приматели на хигиенски пакети се вброија и текстилни работнички со ранлив социјален статус, кои во екот на корона-кризата ги изгубиле работните места или дел од месечните приходи. Истите беа лоцирани и класифицирани во соработка со здружението „Гласен Текстилец”.