За две години државата ја трансформиравме во лидер во регионот во енергетика, преку мерки кои носат намалени сметки за струја на граѓаните, ја поттикнуваат економијата и ја заштитуваат животната средина, објави лидерот на СДСМ Зоран Заев набројувајќи ги мерките.
-Го изгласавме новиот Закон за енергетска ефикасност;
-Донесовме нов, европски Закон за енергетика и Стратегија за енергетика;
-ЕСМ со домаќинско работење го зголеми домашно производство на струја и продава енергија на европските пазари, а приходите ги инвестира во обновливи извори на енергија и во нови филтри и вентилатори во РЕК Битола;
-Ја вративме евтината тарифа на струјата и ја стабилизиравме цената на електрична енергија за домаќинствата.
Доцневме во сите сегменти на енергетскиот сектор, сега имаме резултати кои потврдуваат дека одиме напред, порача Заев.