Направете уште едно големо и најзначајно дело во здравството, убрзајте ја ветената постапка која се пролонгира од јули 2019 дајте решение за пристоен доличен живот на сите 1.500 здравствени лица со договор на дело кој работат со години без здравствено пензиско осигурување и минимална плата. Благодарам, коментира Цобе Аксиќ на фан страната на министерот за здравство Венко Филипче кој денеска беше во Охрид на средба со пензионерите.

Огнен Спасоски и Радица Димчевска даваат позитивни забелешки на работата на министерот за кого велат дека со новата мерка веќе не морало да се чека за лекови, со оглед на тоа дека со новото законско решение веќе нема квоти во аптеките и лекови на рецепта може да се купат во текот на целиот месец.