Коментари на гледачи во денешното издание на контактната емисија “Во тек” на 24 телевизија, во врска со улогата на министерството за внатрешни работи како дел од техничката влада:

“Мислам дека министерството за внатрешни работи недоволно добро си ја врши работата. Да дозволите масовни собирања не луѓе на едно место, па тоа не е во ред. Не може МВР да седи во кола и да ја прати ситуацијата, мора да излезе на терен, особено на тие места каде има собирања” – изјави гледачот.

Друг гледач со сличен став со коментар:

“Мора да има избори затоа што техничкава влада тапка во место. Еве министерот Чулев во Струга ги пушти луѓето по улица да шетаат, а требаше да нема собирање. Нели не е дозволено да има собирање поголемо од неколку лица, па после тоа повлече и други вероисповеди да си речат ако можат овие, можеме и ние” – додаде гледачот.