Во последното издание на контактната емисија “Очи в очи” на 24 телевизија, гледач со свое мислење за функционирањето на техничката влада и улогата на техничкиот министер за внатрешни работи со неговата политика за неказнување на прекршителите на анти-корона мерките.

“Ние добро почнавме, први воведовме мерки во регионот ама не знам како ќе завршиме затоа што имаме техничка влада поставена за избори, а не за вакви ситуации. Не може министер да одговара на својата партија и самоволно да се однесува. Тука нема одговорност, не се почитуваат законите. Вие имате закони донесени од таа техничка влада во вонредна состојба и сега тие уредби не се применуваат. Казнет е еден мал дел на граѓаните за непочитување на мерките, а на социјалните мрежи и медиумите гледаме енормен број на граѓани кои не ги почитуваат мерките. МВР буквално се однесува како да е надвор од Владата во поглед на мерките што треба да ги спроведува. Тоа е тој орган којшто треба да ги спроведе мерките на Владата ако граѓаните не ги почитуваат. Видовме на телевизија што се случува во Тетово, видовме отворени продавници, масовни шетања, во Струга манифестации, видовме што се случува на Рамазан. И прикажуваат само 94 казнети, па треба да има 1094. Имаат двојни стандарди, некои луѓе се казнувани, некои не. Во државата имаме привилегирани и непривилегирани граѓани. Имаме паралелна власт. Вака не можеме да функционираме без казни, ако се казнеа 1000 души во еден ден ќе видевте дали немаше да се почитуваат мерките. Министерот одговара на својата партија, тој одговара на својот лидер. Затоа треба брзи избори во државата и радикална промена од  овој контекст кој во моментов не може да функционира” – истакна гледачот.