Коментари на гледачи во контактната емисија “Во тек” на 24 телевизија на тема каква кампања можеме да очекуваме во вакви услови.
- “Во неделата бев излезен во град, еве ќе кажам во Битола. Видов една група луѓе кај кои максимум растојанието помеѓу нив беше 20 цм, кој имаше маска, кој немаше маска. Со собираа бидејќи ВМРО-ДПМНЕ ја почна кампањата, сите беа вмровци. Па, овие луѓе не се собрале тукутака, некој им јавил и ги известил. Наќе нека си ги отвори очите, навистина мижи пред очите на диригентот од Унгарија. Му помина Струга, му помина Рамазан, му поминаа орцата низ Чаир и Гевгелија. Па ете ни ја пандемијата како се шири. Како мислат дека се шири пандемијата?! Оваа кампања на ВМРО-ДПМНЕ не личи на ништо, кампањата не започна во неделата, туку на 24 јуни!” – контатираше гледачот.
- “Понудата од страна на ДПМНЕ е под команда на нивниот почесен премиер којшто моментално си ужива во Будимпешта и тие ни нудат неприфатливи кадровски решенија како што се Мицкоски и Јанушев. Ние треба да си ги отвориме очите. Објавуваат некои снимки, односно ги прават по порачка од комитетот на ВМРО-ДПМНЕ. Ако ВМРО-ДПМНЕ продолжат со кампања на садење врби, палми и кактуси, да изработуваат некролози, такви луѓе не ни требаат. Ни требаат луѓе кои ќе ни понудат подобра иднина, а не оние кои отвораа факултети во секое село” – изјави гледачот.
- “Треба да се вратат оние снимки од порано и да го потсетат народот како се рушеше зградата на Цаноски, како влечеле луѓе за уши да гласаат, како им даваа лични карти на црно на оние од Албанија, ги вселуваа во згради и седеле по 40 луѓе во еден стан само за да гласаат. Сето тоа треба Заев да го пушти пак, да му покаже на овој народ што правеше ВМРО-ДПМНЕ кога беше нивното време. Заев им е во устата секоја секунда, тој им е во сон, го сонуваат, не можат да живеат без него. А, кој работел во градежништво во тоа време сигурно знае како се третираше градежништвото во време на ВМРО-ДПМНЕ и сигурно знаат какво рекетирање имаше” – порача гледачката.