Членот на Извршниот одбор на ВМРО -ДПМНЕ, Александар Николовски, на Фејсбук се пофали дека ќе присуствува на молитвениот појадок во САД, кој традиционално се оддржува во организација на претседателот Доналд Трамп, а на кој традиционално се покануваат политичари од целиот свет помеѓу кои и од македонската власт и опозиција.

Граѓаните на ова упатија сатирични коментири како: 

-И нормално таму ќе станеш и ќе кажеш дека не си од Северна не си од Фиром туку од Република Македонија. Се надевам од сето она што го збориш тука ќе го пренесеш таму.

-И што ќе му кажеш, дека вие што створивте единаесет години а створивте пустош сега овие го растураат.

-Трамп вежбал намигнување, алудирајки на гафот на поранешниот претседател од неговата партија, Ѓорѓе Иванов, кој на тогашното прашање дали се видел со тогашниот претседател Барак Обама, Иванов тогаш кажа дека не успеале да се видат но меѓусебно си намигнале при размена на погледите.