“СДСМ ги отвори картите. На секоја карта гледаме џокери. Луѓе со чисто досие, потковани политичари. Нема дилема дека СДСМ без конкуренција ќе ја добие власта во однос на ВМРО. Неофицијално, замислете што нуди ВМРО: Рашела Мизрахи – разрешена министерка што правеше русвај во тоа министерството и Игор Јанушев. Памтете ми го зборот, допрва ќе видите кој е Игор Јанушев. Инаку, ВМРО нема никаков кадар, сè аналфабети. Само ароганција.” – вака гледач ги коментира утврдените носители и кандидатски листи на СДСМ за претстојните избори во контактната емисија “Во тек” на ТВ 24.
Гледачка пак се надоврзува и додава:
“За кадрите на СДСМ што се предложени на листите мислам дека се сите луѓе на место. Задоволни сме од листата што ја истакнале.” – заклучи гледачката.