Мултинационалната компанија „Алијанс УАН“ со седиште во Кавадарци до крајот на февруари, кога истекува и законскиот рок, ќе ја откупи договорена количина тутун. Ова му го соопшти менаџерскиот тим на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ кој беше во посета на Кавдарци.

Шапуриќ ја посети и винаријата „Милеви – Гоце Делчев“ со седиште во селото Трстеник, една од најголемите извозници на наливно вино. Направи обиколка во визбите и погоните за преработка, а во разговорите со менаџментот беше запознаен со плановите за нови инвестции и за проширување на капацитетите за производство на вино и зголемување на пласманот што доминантно е за европски пазар.

Во моментот на посетата се подготвуваше извоз на 150.000 литри вино за Германија.

Директорот ја посети и Подрачната единица на Државниот инспекторат во Кавадарци.