Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, заедно со шефот на кабинетот во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Никица Бачовски денеска остварија средба со земјоделците од Неготино. Директорот на АФПЗРР, Бабовски, информираше дека субвенциите за оддржување на лозовите насади се веќе на сметките на лозарите.
„ Пред празникот „ Свети Трифун“ кога и официјлно почнуваат активностите околу новата реколта на 16 илјади лица во еден ден исплативме 583 милиони денари. Станува збор за исплата по мерката 1.11 „Директни плаќања за оддржување на лозови насади.“ Корисници на оваа финансиска поддршка се земјоделски стопанства кои имаат минимум 0,2 хектари лозови насади и кои се регистрирани во единствениот регистар на земјоделски стопанстава и се стекнале со право на користење на оваа поддршка. “ – истакна Бабовски.
Шефот на кабинетот на министерот за земјоделство, Никица Бачовски, истакана дека Владата, министерството и Агенцијата како надлежни институции во изминатиот период донесоа низа на храбри и решителни одлуки кои се од корист на земјоделците.
„Го решивме долгогодишниот проблем кој ве мачеше околу предаденоте грозје на винарниците Повардарие, Стефани и другите мали регистрирани винарници. Исплативме 1,2 милиони евра за 2.048 лозари кои имаа предадено грозје во 2014 и 2016 година а не им беше платено. На овој начин исправивме една неправда која беше направена на лозарите. Исто така во тек на минатата година исплативме близу 9 милиони евра за основната субвенција за оддржување на лозови насади, додека за дополнителната субвенција од 1 денари по килограм предадено грозје на сметките на 6.240 лица исплативме над 1 милион евра. Како и до сега, МЗШВ, ќе продолжи да биде партнер на земјоделците. Нема повеќе списоци и поделби. Сите кои се стекнале со право за користење на финансиска поддршка во еден ден ги добиваат парите што како субвенции ги следуваат.“ – истакна Бачовски.
Праксата за навремена и неселективна исплата на субвенциите продолжува. Парите за земјоделски субвенции ќе се исплаќаат во период кога на земјоделците средствата им се најпотребни, односно пред почеток на новата реколта. Бабовски и Бачовски ги информираа присутните и за Мерките и можностите кои ги имаат на располагање земјоделците за добивање на поддршка и по Националната и по ИПАРД Програмата.