Воведуваме историска поддршка за сите категории граѓани, соопшти Градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски.

Митовски истакна дека на денешната седница на Советот на Општина Крива Паланка, усвоени се значајни програмски активности со кои за првпат ќе се доделува:
1. Еднократна парична помош ,3.000 денари, за сите матуранти од општината;
2. Субвенции за набавка на дигитални уреди, за студенти и млади невработени лица до 29 години,
3. Субвенции за млади за набавка на нов велосипед;
4. Еднократна парична помош,3.000 денари, за секое новороденче од Општина Крива Паланка;
5. Субвенции за набавка на количка за новороденче, 3.000 денари;
6. Еднократна парична помош за лица со попреченост од општината
7. Ослободување од комунални давачки на семејствата на загинатите бранители од Општина Крива Паланка.
8. Еднократна парична помош,3.000 денари, за секое првоодделенче, продолжува да важи.

„Директна поддршка на сите наши граѓани кои спаѓаат во овие категории со програмите на Општина Крива Паланка за претстојната 2023 година.
Водиме грижа за доброто на сите наши граѓани, паланчанки и паланчанки од сите возрасти, затоа што подобрувањето на квалитетот на живот на сите наши жители е наш врвен приоритет“, нагласи Митовски.