Користете ги мерките од Оперативниот план за вработување за 2020. Тие се креирани за младите луѓе, да им овозможат полесен влез на пазарот на труд, истакна пред студентите во Охрид дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ.
Мерката Практикантство е наменета за над 1.500 млади лица кои ќе научат практични знаења и вештини за одредени работни места. Мерката за стекнување напредни дигитални вештини можат да ја искористат 360 лица. За поттикнување на вработување во производствени дејности за 4000 млади лица до 23 години, предвиден е младински додаток од 3.000 денари, за млади до 23 години.
Ова се само дел од програмите и мерките што ги нуди Оперативнита програма за вработување. По завршувањето на студирањето, ве охрабрувам да ги побарате мерките во Агенција за вработување на Република Северна Македонија и да аплицирате, посочи Шкријељ на мотивацискиот настан и инфо сесија за јавниот повик на ФИТР, Стартапувај.
Младите се иднината на државата и како Влада продолжуваме да вложуваме во нив. На денешниот инфо ден со младите во Охрид разговаравме за можноста за користење на младинскиот месечен додаток од 3.000 денари. Овој надоместок може да го користат млади лица до 23 години вработени во производствена дејност и земјоделство, порача Шкриејељ.