Со најновите измени и дополнувања на Законот за стечајни работници, бројот на стечајци кои ќе земаат месечен надоместок од околу 8.000 денари до пензионирање се зголемува за уште 1000 лица. Со тоа вкупниот број на стечајни работници кои се материјално обезбедени изнесува 12.000 лица.

Новите 1.000 стечајци опфатени со најновите измени на Законот за стечајци, веќе од петок ќе можат да поднесуваат барања во Центрите за вработување со цел остварување на правото на користење на месечен надомест.

“Наспроти негрижата на претходната власт која за 11 години владеење успеа да реши само 4.000 стечајни работници, СДСМ за само 2.5 години материјално обезбеди 12.000 стечајци.” – реагираат од владејачката партија.