Гледач во контактната емисија “Здраво Македонијо” на Канал 5 телевизија со коментар за работата на опозицијата во овој период кога ситуацијата со коронавирусот во нашата држава влегува во втора фаза, односно започнува да се влошува:

“Мораме да веруваме во системот и да ги спроведуваме сите мерки што ни се дадени. Од друга страна, знаете дека имаме опструкции од опозицијата. Наместо да се сплотиме сите заедно и да не ловиме политички поени, тие гледаат само партија. Секојдневно наоѓаат замерки наместо да помогнат со издржани мерки и предлози тие само маани наоѓаат. Пред неколку дена го слушам Мицкоски, сее страв. Кажува дека нема тестови и дава лажна информација. Еве спомнува помош од Унгарија, ама најдобра помош од ВМРО ќе биде да го донесе Груевски, па да пуштиме средства во здравството, а не само да обвинуваат, а 11 години ништо не направија за здравството! Ги потрошија парите за кичерај и други 300 глупости. Па згора на тоа беа против кога оваа Влада им ги качи платите на здравствените работници минатата есен. Гледате ли сега колку значи тоа?!” – запраша гледачот.