Во емисијата “Црвена Линија” емитувана на Телма ТВ, гледачите ги изнесоа своите ставови на темата: “Партиите ветуваат поголеми плати. Дали им верувате?”:
Гледач констатира дека ветувањата на Мицкоски се нереални и покачувања на плати може да се обезбедат само доколку се вратат претходно одлеаните пари од Македонија: “Партиите ветуваат поголеми плати. Па јас се замислив малце и да ви кажам право почнав да му верувам на Мицкоски. Веројатно има некој кец во ракавот, веројатно има некакви сознанија. Ако соработува со Белизе и Панама може да донесе 5 милијарди инвестиции, па и плати да зголеми. Малце почнав да верувам, ако ги убеди тие неговите пајташи да ги вратат парите што се украдени од Македонија. ” – констатира гледачот.
На иста линија е и друг гледач кој додава:
“Ама не можам да му се изначудам на мојот пријател Мицкоски кој потекнува од мојот крај и кој нуди 100 000 денари и 80 000 денари плата, тоа е чудо невидено, а цело време ја критикува власта ја покачувала платата! Па сега кај ќе ги најде тој тие пари? Лаги со опашки!” – заклучи гледачот.
Гледачка пак вели дека довчерашната Влада треба да продолжи со работа бидејќи резултатите од ветеното се евидентни:
“Ме интересира која е целта на луѓево што викаат дека не се подигнати платите и пензиите. Еве конкретно лично ќе кажам, можам да доставам и документ. Јас почнав со плата од 12 000 денари, сега последната плата ми е 22 000 денари. Тоа не ли е покачување?! ” – коментира гледачката за политиката на покачување на платите на Владата на СДСМ.