Во попладневното викенд-издание на контактната емисија “Во тек” на ТВ 24 гледачка револтирано го коментира потегот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој понуди стручна помош од “неговите” стручни лица за справување со коронавирусот и истото го квалификува како дел од некоја негова кампања:

“Се забележува дека ВМРО-ДПМНЕ повторно си води кампања. Еве денеска излезе Христијан Мицкоски со некои негови предлози, а претходниот пат пак вака рече: “Еве ВМРО-ДПМНЕ има свои доктори експерти, стручњаци за тој проблем, ако треба да се вложат тие.” Ништо не ми е јасно. Значи сега во во оваа ситуација дали имаме наши и ваши доктори, дали не треба да сме загрижени за сите граѓани на државата или уште ќе продолжиме да се делиме на ваши и наши како што нè делеше Груевски. Толку имам да го прашам Христијан Мицкоски, дали сèуште не дели на ваши и наши. И што бараше пред 4-5 дена во Унгарија? И таму има коронавирус, дали тој се прегледа дека сè е во ред со него?!” – запраша гледачката.