Во денешното издание на контактната емисија “Во тек” на 24 ТВ, гледачите запрашани дали одлуката за покачување на акцизата на нафтата ќе се почувствува во секојдневниот живот, гледачите со став:

“Каде ќе оделе парите од акцизата од нафтата? Еве на тие што не им е јасно, кај тутунарите ќе одат парите. Не знам дали одредени луѓе слушнале дека вчера им беа исплатени парите од тутунот. Или да не мислат дека можеби во Будимпешта ќе одат? Овие пари сигурно нема да одат во Будимпешта кај Груевски. Тој си зема што требаше и си отиде. Па, нормално дека ќе одат парите кај државата, буџетот на државата не е само за државата, за сите нас е. Слушам плачки за 3 денари. Ако постојано бараме од државата, со што тие да работат ако нема средства, нема даноци. Ова е од државата за државата, односно од државата за нас” – заклучи гледачот.

Друг гледач пак со кратка констатација:

“Додека Груевски ужива во Унгарија, тие прашуваат каде ќе оделе парите од акцизата” – додаде гледачот.