Во денешното издание на контактната емисија “Здраво Македонијо” емитувана на Канал 5 телевизија гледачите со лавина  коментари во однос на работата на министерот за здравство Венко Филипче, во услови на справување со светскиот предизвик – коронавирусот:

“Не сакам да фалам никого, јас од партии одамна сум кренал раце. Ама секоја му чест на министерот Филипче. Се бори човекот ден и ноќ! Сега не треба партиски да гледаме, кој од која партија е и што е.”– коментира гледачот.

Други гледачи се надоврзаа и додадоа:

“Не гледам зошто би го напаѓале министерот за здравство ако тој замине дали другиот што ќе дојде ќе ни донесе вакцина? ”

“Ваков министер нашата држава немала 10 години наназад. Филипче е човек на место којшто Господ ни го подари во оваа несреќа да имаме таков човек што ќе се грижи конкретно за цел држава.”

“Човекот се жртвува 24/7. Замислете што ќе се случеше во вакви услови ако министер беше оној претходниот?!” – запраша гледачката.