Коментар на гледач во денешното издание на контактната емисија “Во тек” на 24 телевизија:

“Собранието се распушти и се донесе техничка Влада која има мандат да функционира 60 дена. Ако тогаш се договорија и ако тогаш опозицијата бараше да има избори затоа што ништо во државата наводо не било како што треба, сега што е проблемот и што е разликата во ситуацијата? Сите одиме на пазар и во институции каде исто луѓето се движат. Треба само да се почитуваат мерки. Сега опозицијата прави лицемерие демек мислат за здравјето на граѓаните и затоа не сакале избори. Во меѓувреме, имате еден министер за внатрешни работи кој прави опструкции и замислете еден податок, има 2340 вкупно граѓани казнето за неносење маски, а само последните денови имате по 650 дневно. Значи 4 дена МВР функционира, а претходните денови МВР не работело ништо. Државата сега е поспремна да организира избори во споредба со почетокот на епидемијата во смисла на заштитини мерки, така што јас не сум видел на гласање да има повеќе од 10 луѓе во една просторија, секој ќе си чека ред, ќе се направи дистанца и внатре и надвор од објектот. Болните ќе гласаат по посебен проткол. Така изговорите на опозицијата не држат вода, тие само сакаат да собираат поени во државата. Мора сите да имаме лична и морална одговорност” – истакна гледачот.