Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, денеска пред министерството за финансии постави 30 прашања на кои како што вели, Нина Ангеловска немала одговор.

На оваа негова прес конференција, еден граѓанин на фејсбук проба да му ја врати меморијата на вмровскиот портпарол, кога Зоран Ставрески, кумот на тогашниот премиер од ВМРО-ДПМНЕ, избегнуваше одговори во врска со задолжувањето.

Го помниш Зоран Ставрески?….очигледно не….Цела среќа не има доволно овде што памтиме како дотичниот си играше мајтап на прашањето за државниот долг поставено најмалку 100 пати…” – стои во коментарот на фејсбук.

Да се потсетиме како поранешниот министер за финансии од ВМРО-ДПМНЕ (не)одговараше на прашања од новинарите: