Гледач во контактната емисија “Здраво Македонијо” на Канал 5 телевизија ги коментира носителите и кандидатските листи предложени од најголемите партии во очи на претстојните избори :

“Замислете, ВМРО жртвува луѓе кои се докажани во политиката, со нивното национално определување за самобитност на државата, а се ставаат непроверени лица за кои граѓаните не знаат ништо. Ако некого спремаат за некоја државна позиција, посебно пратеник, па пожелно е да има еден вид на нивни алманах. За секој поединец да се знае кој е и што е и што направил. Гордана Силјановска Давкова, па таа беше кандидат за претседател. Ама ја немаше нигде во политиката и сега наеднаш туп – носител на листа. Некои работи што се случуваат не одат во интерес на народот. ”– коментира гледачот.