Да оставиме тоа што тој се прави некој си заштитник на земјоделците. Во тоа никој не верува, затоа што доколку искрено му беше грижа за земјоделците, тоа ќе го правеше во изминативе 12 години кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт а Трипуновски целиот тој период беше на високи позиции, како пратеник во Собранието и директор на Државната фитосанитарна лабораторија.
Граѓаните паметат дека во време на тие 12 години земјоделците беа на питачки стап.
Додека Трипуновски седеше во удобната пратеничка фотеља и месечно добиваше месечна плата колку што еден земјоделец не може да заработи за цела година на нива, земјата наместо на вистинските земјоделци се делеше на колеги на Трипуновски и нивни семејства. Тоа овој вмровски функционер не сека да го признае, ама тоа е реалноста.
Затоа, Трипуновски, сакајки да се доближи до Мицкоски и до земјоделците, глуми загриженост и се заканува на вработените во подрачните единици.
Тоа го прави сега, но овој лик е спремен на уште поголеми глупости…затоа да го оставиме и да му го гледаме сеирот, а бргу ќе дојде тоа време…