Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) нема овластување да ја замрзне цената на метанот, бидејќи тоа е спротивно на Законот на енергетика, вели претседателот на РКЕ Марко Бислимовски, откако денеска директорот на ЈСП „Скопје“ Иван Илиевски побара комисијата да ја замрзне цената на метанот по зголемувањето од 50 на 110 денари за килограм.

„Регулаторна комисија нема никаква надлежност во регулирање на цената на метанот. Цената на метанот или природниот гас се регулира на пазарот и според Законот за енергетика ние не определуваме набавни цени”, вели Бислимоски.

На метан возат 33 нови автобуси „МАН“ на ЈСП и според пресметките на јавното претпријатие, со новата цена двојно ќе се зголемат трошоците за гориво, односно наместо едем милион евра, ќе бидат потребни два милиони евра годишно. Директорот Илиевски побара и финансиска помош од Владата.