ЗОШТО ИПАРД?

Со цел да им се даде ветер во грб на земјите-кандидатки за членство во ЕУ и со цел истите што побрзо да се подготват за интеграција во заедничкиот земјоделски систем, Европската комисија преку инструментот за претпристапна помош ИПАРД  им нуди помош, можности и поддршка на земјите-кандидатки за членство во ЕУ со цел да достигнат задоволителен рурален развој, како и солидно ниво на одржливост и самоодржливост во сите земјоделски сектори.

На тој начин, преку ИПАРД се овозможува зголемување на ефикасноста и продуктивноста на земјоделското производство преку воведување на модерни и иновативни техники за обработка, рационализација на трошоците и зголемена конкурентност на пазарот на трудот.

18.05-AKTUALE-Ipard-REDAKT.

Накусо кажано, ИПАРД е акцелератор на нашите интегративни процеси. ИПАРД како развоен фонд им дава директна поддршка на корисниците, ги зајакнува нивните капацитети, ги подобрува работните процеси и води кон позитивни промени и трансформација, а тоа истовремено се рефлектира и на животниот стандард и на економијата во државата.

КАДЕ БЕВМЕ?

Ако се вратиме само десеттина години наназад, ИПАРД беше неискористен, а парите враќани назад во буџетот на ЕУ. Добивавме помош која ја враќавме заради некадарноста да дизајнираме ефикасен процес за кревање на видливоста и олеснување пристап кон програмата. ЕУ тоа го квалификуваше како ”неефикасно спроведување на претпристапната програма за рурален развој”. Во одреден момент, заради лоши одлуки и погрешни стратешки определби бевме во ризик да го изгубиме овој исклучително важен инструмент. Во политичка смисла, успешен ИПАРД може да значи и отежнат пристап до потенцијалните гласачи, кои откако ќе стекнат самодоверба и самостојност, се потешко стануваат плен на политички манипулации. А, тоа не секому му оди во прилог.

КАДЕ СМЕ СЕГА?

  • Денес ИПАРД е видлив, денес ИПАРД е насекаде, денес секој знае за ИПАРД.
  • Денес сме регионални лидери, а пред само неколку години бевме аутсајдери.
  • Стотици реализирани настани на терен помеѓу земјоделците и преработувачите со цел да бидат анимирани и да добијат навремени и точни насоки.
  • После ИПАРД 1 и 2, успешно пловиме кон максимална реализација на ИПАРД 3.
  • Искористеноста на ИПАРД 2 достигна рекорд од речиси 97% искористеност на средства.
  • Денес речиси и да нема општина каде не се реализирал или е во реализација некој проект финансиран од ИПАРД.
  • Заради одличните резултати, ЕК за ИПАРД 3 ни додели 97 милиони евра, додека заедно со кофинансирањето од државата и апликантите, вкупната вредност на Програмата ИПАРД 3 достигнува 210 милиони евра, средства кои треба да се реализираат во следните 7 години.
  • За дополнително да се зголеми интересот и реализацијата на проекти, со новата ИПАРД 3 Програма предвидена е можност за авансна исплата до 50% од финансиската поддршка.
  • Она што треба да се напомене е дека ова се неповратни пари, тоа не е задолжување на нашите граѓани, тие пари на ЕУ не треба да ѝ ги вратиме, а со нив ќе се финансираат проекти во земјоделството, во инфраструктурата, во нови работни места и локален економски развој.
  • Програмата е целосно инклузивна, овозможува фер услови и еднаков пристап за сите.
  • Многу изградени инвестиции, многу реконструирани објекти, набавки на модерна механизација, изградба на инфраструктура, производство на алтернативни земјоделски производи, јакнење на руралниот туризам
  • Зајакнат и модернизиран агросектор и рурален развој.
  • Целната група е мобилизирана, бројот на апликации руши рекорди.
  • Многу фокусирано се работи на акредитирање на нови мерки за поддршка на земјоделците.

nikolovski2

Со многу труд и јасна и недвосмислена заложба за промоција и олеснување пристап до програмата, од аутсајдер станавме лидер во регионот!