Вистински партнер сме на оризопроизводителите сиве овие години, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски споделувајќи 10 факти кои ги направија како надлежни со цел одржливо и конкурентно производство на ориз.
– Македонскиот ориз влезе во законот за стокови резерви како стратешка култура.
-За 300 % ги зголемивме субвенциите за површините под ориз.
-Откупната цена на килограм оризова арпа достигна над 40 денари.
-100 % зелена нафта за оризопроизводителите во износ од
3200 денари од хектар.
-За прв пат со новиот модел на субвенционирање оризопроизводителите добија предвремена авансна исплата на
30 % во тековната година.
-Исплатата на субвенции е редовна и неселективна. Веќе се исплатени и останатите 70 % за сите оризопроизводителите.
-Воведовме нова мерка за набавка на специјализирани комбајни за жнеење на ориз и има голем интерес.
Го штитиме нашиот ориз со 35 % заштитена царина за увоз.
-Вредноста на извозот достигна 7 милиони евра.
-Воведовме мерка за поддршка до 10 денари за извоз на пакуван ориз.