Изборната програма за парламентарните избори на ДПМНЕ „ПЛАТФОРМА#1198“, напишана е на фантастични 240 страни. Не сум сигурен дека некој од партиските главешини ја има прочитано во целост, оти ако ја прочитал, сигурно ќе ја кренел рачната и ќе речел „Браќа и сестри, многу глупости сте изнапишале, намалете малку со лагите“.
Кога веќе не го сториле тоа, тогаш требало програмата да ја прекрстат во „СОН СОНИЛА ЈОРДАНИЦА“, оти во книгата на желби пишувана на некоја партиска брејнсторминг сесија, единствено што заборавиле да предвидат е изградба на викенд населба на Месечина. Се’ друго, горе-долу, тука е.
Кога веќе се лажи, нека се лажи без усул!
ФБ став на Зоран Милошески