Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на прес-конференција рече дека знае оти голем дел од нивните поддржувачи се разочарани, но порача дека сега не е време за откажување.
„Имаме уште две недели, јас ќе бидам на терен, секој ден со вас и ќе работиме за да ја добиеме поддршката за европска Македонија“ рече Ковачевски.
Тој упати порака и до претседателскиот кандидат Стево Пендаровски и му порача дека ова е заедничка борба и дека рамо до рамо ќе се борат со него во најважната битка за евопската иднина на земјата.
„Нашата цврста и одлучна борба продолжува и на 8 мај, кога не очекува вториот круг, како и изборите за пратеници“ рече Ковачевски.