Времето ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната од 8 до 13 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремен слаб дожд и со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 9 степени.

До среда ќе преовладува променливо облачно време со услови за локален дожд, а потоа следува период на стабилно и потопло време. Температурите ќе бидат над просекот за овој период од годината, што ќе предизвика постепено топење на снежната покривка.