Според информациите oбјавени досега во повеќе македонски медиуми, меѓу загинатите во страшната сообраќајка на автопатот Струма е и 11-члено семејство. Се работи за семејство oд скопски Чаир кое заедно заминало на патување во Истанбул.

Меѓу загинатите има и наставничка по македонски јазик од основно училиште од село Студеничани и нејзината ќерка, како и уште две лица од истото село.

Основното училиште „Исмаил Кемали“ во Скопје, во кое учеле загинатите ученици, ја прекина наставата бидејќи децата биле многу вознемирени. Во знак на почит со настава прекинало и училиштето во Студеничани каде работела починатата наставничка.