Епидемилогот Драган Даниловски вчера во вестите на ТВ Сител рече дека вирусната варијанта омикрон на коронавирусот се шири четирипати полесно, како и дека со тоа се демантирани претходните дезинформации околу новиот сој.

-Кога се појави на крјаот на ноември, сите бевме на штрек. Се покажа дека има вкупно 60 мутации. Како дезинформации се покажаа вестите дека е 500 пати, или 70 пати позаразен. Тој е четирипати позаразен е и помалку опасен. Од оваа варијанта веројатноста да завршите во болница е 80 пати помала. Најчести симптоми се болки во грло, течење на носот и главоболка. Сепак имаме работа со поблаг вирус, рече д-р Даниловски.

Според епидемилогот ова не значи луѓето треба да се опуштат. Постарите граѓани треба да бидат внимателни и да се вакцинираат со трета доза.

-Ќе бидам во право дека сигурно ќе имаме зголемен број на случаи, но ќе се лечат дома како изолирани. Нема да имаме како минатите бранови и преоптовареност на болничките капацитети. Крајот на пандемијата кај нас ќе настапи со изнемоштеноста. Со резигнација граѓаните прифаќаат да живеат со вирусот, смета Даниловски.
Пандемијата, според него, би завршила на крајот на април.

-Вирусот не сака да го убие домаќинот, туку тој да го распрснува со заразување на други. Крајот на април ќе биде крајот на пандемијата, а ќе се вакцинираат само ризичните групи, заклучи Даниловски.