Градоначалникот на општина Арачиново, Ридван Ибрахими, денеска е пријавил дека е физички нападнат, пренесува Алсат.

Ибрахими веќе е на распит во полиција, pолициски екипи се веќе на местото на настанот.

Според порталот 24 Инфо Ибраими завршил во болница. Неофицијално, има неколку повредени.

Од МВР потврдија дека се случил инцидент.

“На 13.09.2022 околу 10 часот во СВР Скопје, градоначалникот на општина Арачиново пријавил дека бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.