Позитивен извештај има од Холандија, при што наведуваат дека Македонија постигна дополнителен напредок за преговори со ЕУ.
Позитивен извештај стигна и од делегацијата на Постојаниот комитет за европски прашања на претставничкиот дом на Кралството Холандија, која ја посети земјава во февруари оваа година.
Усвојувањето на Законот за Јавното обвинителство е импресивен резултат, кој овозможил продолжување на истрагите, но и дека законот не содржи скриена амнестија, која ќе им овозможи на одредени (поранешни) политичари да избегнат истрага.
Во извештајот е забележано дека Македонија има постигнато голем напредок во приспособувањето на домашната политика и законодавството во согласност со правото на ЕУ. Извештајот потенцира дека околу 34 проценти од европските правила од регулативите и директивите во областа на правдата и внатрешните работи се веќе имплементирани во домашното законодавство. Во извештајот се констатира дека во земјава се забележани суштинска мотивација и убедлива посветеност на реформите.
Доза на оптимизам има и кај Франција.
Maкедонските власти очекуваат дека оваа пролет земјата ќе добие датум за старт на преговори со ЕУ.
Во ноември лани Македонија и Албанија не добија датум.