Метео анализа на Славчо Попоски:

Почитувани наши, уживајте во убавото пролетно топло време се до вторник. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени.

И во Скопје и околината веќе од среда па во деновите потоа очекуваме локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Уште од сега Евроспкиот центар за Среднорочна прогноза (ECMWF) кој ние најажурен, во првата деката од месец пај црта ново големо заладување на времето.

Што значи дека нестабилното време и со чести врнежи би го имале и за Велигденските празници.