Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја коментираше неодамнешната изјава на првиот вицепремиер Артан Груби дека најголемата опозициска партија прифатила да има Албанец премиер.

-Никогаш не сум разговарал за таа опција со Груби, но зошто на пример ДУИ не го прифати предлогот на нашата партија за Албанец премиер. Ние имаме три пати повеќе пратеници од нив, 44 наспроти 15. Може ние ќе предложиме премиер Албанец, вели Мицкоски во емисијата „Клик плус“.