На тв дуелот на Канал 5, вечерва лидерот на СДСМ, Зоран Заев на крајот од емисијата на својот политички опонент, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му даде значка со симболот на НАТО и како што рече Заев, има една за него, а друга подарок за Мицкоски.

По ова Мицкоски извади паричник со дезен „Луи Витон“ , и рече дека и тој има подарок за Заев, по што Заев рече дека не го прифаќа и дека тоа не е в ред, и го поттурна паричникот назад кон Мицкоски.