Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со божиќна честитка:
-Ќе ми дозволите да им го честитам на сите православни хистијани, Христовото раѓање – Божиќ, исто така ја користам оваа прилика да го честитам и вчерашниот голем христијански празник Бадник, да им посакам здравје и среќа, љубов, хармонија во нивните семејства, останатото заедно ќе го направиме со народот на Македонија.
Исто така ќе ми дозволите и на останатите граѓани кои не се од христијанска православна вероисповест да им посакам здравје, бериќет, среќа и хармонија во нивните домови, бидејќи ќе ни треба затоа што сите заедно сме појаки и затоа што само сите заедно можеме да ги победиме предизвиците во 2022 година, порача тој.