Поради неносење маска на територијата на државава вчера се казнети 469 граѓани, 16 го прекршиле полицискиот час, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.