„Одбележуваме 25 години од постоењето на Фондација Фридрих Еберт! Среќен сум што заеднички можеме да го прославиме успехот на нашите соработници, пријатели и партнери, во очекување на плодна заедничка соработка и во иднина.“ – порача вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски кој вечерва присуствуваше на настанот по повод 25 годишнината од отворањето на канцеларијата на Фондацијата Фридрих Еберт во нашата земја.

1„Бескрајно сум благодарен за поддршката кон развојот на демократијата во земјава, за поддршката на граѓанското општество и за сојузништвото во вербата во заедничките идеали кои низ годиниве сме ги изградиле со Фондацијата Фридрих Еберт.“ – вели Николовски.2