Северна Македонија како рамноправен партнер во најмоќниот безбедносен и политички сојуз-НАТО е целосно посветена на исполнување на обврските кон Алијансата, порача денеска вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски кој, во рамки на работната посета на Брисел, одржа состанок со директорот на Директорат за безбедносна политика и партнерства во НАТО, Џејмс Х. Мекеј.

257213692_3134687380086113_8048671426898386180_n

На се разговарало за досегашната соработка и придонес на нашата држава во исполнување на мисиите и задачите на НАТО.

ж
-На состанокот беше поздравен владиниот План за борба против корупција и мерките коишто се преземаат, а кои водат кон зголемена транспарентност и добро владеење. Добивме поддршка за спроведување на идните активности и понуда за помош за искористување на капацитетите и искуствата на земјите сојузнички на НАТО, рече вицепремиерот Николовски.

5
-Остануваме целосно посветени на нашиот евроатлантски пат, дополни тој.