-СДСМ постојано се менува. Со првиот дигитален Конгрес кој се одржа вчера покажавме во пракса дека е возможна дигитална комуникација и дека навистина се грижиме за здравје на граѓаните. СДСМ се модернизира и се прилагодува на сите најнови трендови, рече генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во гостувањето во Дневникот на Сител ТВ упатувајќи благодарност до сите кои учествуваа во органзиацијата на овој настан.

Николовски појасни дека на Конгресот се донесени крупни измени во Статутот на СДСМ.

-Ова е чекор напред кон модернизација и демократизација на самата партија, но и на државата. Во април на први демократски непосредни избори ќе избереме претседател на партијата. Верувам дека тоа ќе биде успешно! Времето кога целата власт беше сублимирана во еден човек заврши! СДСМ како партија сме пример, и за ВМРО-ДПМНЕ и за опозицијата, дека се воведуваат модерни стандарди во новата политичка епоха, порача Николовски.

Генерланиот секретар на СДСМ уште еднаш јасно нагласи дека правдата и економијата остануваат високо на приоритетите на партијата.

-Правдата и економијата се клучни приоритети, како и моралното и етичкото однесување…Неприкосновено, безкрупулозно ќе се бориме најпрвин против оние кои добиле шанса од граѓаните, а ја изневериле. Токму тие се први кои треба да се однесуваат по највисоките етични и морални стандарди, со ред, дисциплина… Горд сум што покажуваме нов политички профил на политичар во државата, вели Николовски.

На прашањето за корупцијата Николовски нагласи дека е создадена силна алка меѓу надлежните институции со која ќе се врати довербата кај граѓаните.

-Корупцијата секако дека е нотирана и во последниот Извештај на ЕК, но со функцијата вицепремиер за борба против корупција поставивме силен фронт, бескрупулозен и неселективен, за броба против истата. Функционерите не смеат да сметаат на партиска поддршка доколку не работат чесно. Ние таа порака веќе ја пративме! – дециден е Николовски.

-Она што досега го утврдивме како слабост е токму таа кординација на сите институции под извршаната власт кои треба да ја зголемат комуникацијата и поврзаноста на сите за да има поголем ефект и покажеме резултат во борбата против корупцијата.Тоа досега недостасувало, но сега има силна алка за да испорачаме резултати и граѓаните да се уверат дека законот важи за сите! – заклучи Николовски.