Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, останува на страната на младите и обезбедува помош за студентите и средношколците погодени со здравствената и економска криза предизвиканата од пандемијата со коронавурисот. – порачуваат од СДСМ.

Со четвриот пакет антикризни мерки се обезбедени 44 милиони денари, за поддшка за сместување или превоз на 884 студенти и 347 ученици, кои нема да можат да се сместат во студентските и ученичките домови.

Заради намалениот капацитет во домовите, кои ќе функционираат според строго утврдени протоколи со цел да се заштити јавното здравје, оние студенти и средношколци чии барања биле одобрени, а не можат да бидат сместени, ќе имаат можност да одберат месечен надомест за покривање на трошоците за приватно сместување или пак, да одберат надомест на трошоците за превоз од местото на живеење до местото на студирање.

Истовремено, платежни картички „Купувам домашно“ од по 6.000 денари ќе добијат 540 студенти, кои во претходниот пакет не ги добија овие картички.

СДСМ како одговорна партија и во време на пандемија продолжува со континуирана грижа за младите, за студентите и средношколците. – стои во соопштението од владејачката партија.