Доколку почнувате да се занимавате со земјоделско производство, за да може да станете корисник на финансиска поддршка за субвенции и мерките од рурален развој, прво што треба да направите е да се запишете во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС).

Тоа значи дека треба да отидете во подрачната единица на министерството за земјоделство, во местото на живеење евидентирано во личната карта, за да се запишете во ЕРЗС.

Барање за упис може да се поднесе секој работен во текот на годината. Образецот – барање како и листата на потребни документи се подигаат во подрачната единица на министерството каде и ќе ви помогнат околу целата постапка.

На овој начин, вие влегувате во систем како земјоделско стопанство и исполнувате еден од условите да станете корисник на субвенции и мерките од програмата за рурален развој.

Останува да ги следите и запазите роковите за пријавување за финансиска поддршка кои редовно ги соопштува Платежната агенција, а информации можете да добиете и во подрачните канцеларии на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На вебсајтот Агротим ќе ги имате сите информации поврзани со пријавувањето на субвенциите и аплицирањето за мерки од Програмата за Рурален развој и ИПАРД.