Очигледно не можете да излезете од таа матрица како владеевте 11 години и сметате дека по default извршната власт со меша во судската власт и нарачува пресуди како вие што нарачувавте, и кажа на Снежана Ласкоска во емисијата 24 анализа Снежана Калеска Ванчева од Форумот на жени на СДСМ.

– Многу добро знаете и вие и целата македонска и меѓународна јавност кој прислушуваше, но оној што побегна во Будимшешта верувам дека може најдобро да ви одговори, вели Ванчева по констатацијата на Ласкова дека сеуште нема правна разрешница за тоа кој ги продуцирал незаконско стекнатите аудио разговори.