Централниот караван „Најдоброто за мојата општина“ вечерва е во Струмица.

Претседателот Зоран Заев ќе биде меѓу граѓаните на општините Ново Село, Босилово и Василево и ќе учествува на граѓанската трибина и промоцијата на кандидатот за градоначалник и кандидатите за советници на општина Струмица на градскиот плоштадот во Струмица со почеток во 20.00 часот, каде ќе има и свое обраќање.